Занимливости
Околу 150 милиони картички денеска ќе си разменат вљубените ширум светот
На Свети Валентин, вљубените од целиот свет ќе подарат и испратат по пошта околу 150 милиони картички во кои ќе ги изразат своите чувства, пренесува ТАСС.
Денот на вљубените е втор по популарност „празник на честитките“ после Божик.
Подароците за празникот варираат од традиционалната кутија бонбони, букет цвеќе и балони до компјутери, накит, па дури и мебел.




