Магазин
Ова е најскапата плажа во Европа!
Според истражувањето на францускиот сајт „Allovoyages“, најскапа плажа во Европа е Plaja d’en Bosa на Ибица.
Оваа интернет страница ги спореди цените за сместување во двокреветни соби во хотелите со најмалку три ѕвезди.
Се покажа дека уживањето на споменатата плажа на „островот на журките“ чини во просек 254 евра за една ноќ, а по „солената“ Ибица на списокот следат Позитано, село во регионот Амалфи во Италија (243 евра) и селото Оја на Санторини (242 евра).




