Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Патник се обиде во текот на летот да отвори врата и запали цигара

Занимливости

Патник се обиде во текот на летот да отвори врата и запали цигара

Авион на германската компанија „Луфтхазе“ кој леташе од Минхен за Ванкувер беше принуден да слета во Хамбург, затоа што еден од патниците почна да паничи. обидувајќи се да ја отвори задната врата на леталото на висина од речиси 12.000 метри за да запали цигара, објави „Си-Би-Си Њуз“.

Официјалните лица на Луфтханзе потврдија дека по инцидентот патникот е изведен од авионот кој морал да сврти од рутата и да слета во Хамбург, како и дека истрагата е во тек.

Според зборовите на патникот Ден Иош во задниот дел на авионот еден маж врескал и викал,  обидувајќи се да ја отвори вратата.

– Очигледно и пред летот имало проблеми со него, но сепак одлучиле да полетаат. Претпоставувам дека горе беше се повеќе вознемирен и дека се обидувал да запали цигара. Тој викаше и врескаше, рече Иош.

Иош го пофали пилотот, наведувајќи дека се држел под контрола и бил мирен.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.