Магазин
Пет модни ревии за крај на Моден викенд Скопје 13 (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Со ревиите на Дренуша Џара и Јилка Брада „JZJ by Zlatko Jovanovski“, Никола Петровски , „Sigma Jewerly“ и за крај на вечерта Лидија Георгиева, вчера се заврши тринаесеттиот Моден викенд Скопје, кој се одржуваше од 1 до 3 април, во салонот „Порше Македонија“.
Последниот ден на модниот настан го отворија косовските дизајнерки Дренуша Џара и Јилка Брада, поддржани од USAID EMPOWER Kosovo & Kosovo Apparel Marketing Association – KAMA. Џара ја презентираше колекцијата „Златна ера“ за актуелната сезона, додека Брада дебитираше пред македонската публика со колекцијата „Tradern“, за есен/зима 2016/2017.
Младиот дизајнер Златко Јовановски презентираше 15 креации во кои доминираат златни и сребрени тонови од колекцијата “JZJ’s KINGDOM”, надополнети со маски, шапки и други аксесоари. Наскоро целата колекција ќе биде изложена во Лондон и ќе остане во салон од кој модни парчиња најчесто изнајмуваат ВИП личности.










