Занимливости
Предупредувања за заштита на Земјата потпишани од над 20.000 научници
Сериозните предупредувања за иднината и предвидувања на катастрофи за човештвото, земаат се поголем замав. Писмото првпат објавено лани во ноември, досега го потпишале 20.000 научници.
Тој документ полека станува еден од најразгледуваните научни списи воопшто, а потписниците истакнуваат дека конечно успеале да влијаат на политиката.
Првото предупредување со 1.700 потписи пристигна пред 25 години од Унијата на загрижени научници, но експертите денес сметаат дека ситуацијата е многу полоша отколку во 1992 година.




