Занимливости
Принцот Хари во Непал се дружел со бездомници и глумел тигар
Со цел да ги провери камерите кои ги снимаат тигрите во националниот парк „Бардиа“ во Непал, принцот Хари (31) се спуштил на земја и почнал споро да се движи имитирајќи ја мачката.
– Мислам дека многу луѓе би се загрижиле кога би ме виделе ваков, не сум толку добар како тигар, рекол Хари низ смеа, кој е во петдневна посета на Непал.
Вработените во националниот парк ги испрашувал за тигрите и другите заштитени животни.




