Видео
СКАНДАЛ ВО АМЕРИКА: Насилно исфрлен патник од Јунајтед Ерлајнс (ВИДЕО)
Патник во американската авикомпанија Јунајтед Ерлајнс беше насилно исфрлен од летот на Чикаго-Луисвил, кој беше пребукиран, откако тој одби доброволно да излезе.
Инцидентот, кој се случил во неделата, шокираните патници го снимиле со мобилен и снимките веднаш ги објавија на социјалните мрежи. Тие изјавија дека авиокомпанијата случајно одбрала четворица патници кои морале да го напуштат авионот за да може да се обезбеди место за четворица други, од нивна партнерска компанија.
Снимката од авионот прикажува маж кого тројца полицајци насилно го извлекуваат од седиштето и по подот го влечат од авионот. Патникот кој одби да го напушти авионот е лекар и требало да стигне на работа наредниот ден, напишаа патниците кои го објавија видеото.




