Магазин
Природен напиток кој го отстранува лошиот здив
Покрај редовното миење на забите, плакнењето на усната шуплина е клучна за одржување на хигиената на устата.
Иако течностите за плакнење на устата се достапни речиси во сите продавници, се трудиме да ги избегнеме нивните агресивни состојки, поради што се препорачува сами да направиме природен и евтин напиток кој ќе го отстрани лошиот здив.
Зелените листови на магдоносот имат силна и свежа арома, а нивната интензивна зелена боја, која укажува на изобилство од хлорофил, е најдобар природен борец против здивот, бидејќи има антибактериски својства.




