Занимливости
Пронајден мистериозен брод по кој се трагало 160 години
Во делтата на реката Тенсо, во јужната американска сојузна држава Алабама, се пронајдени остатоци од дрвен брод за кој се претпоставува дека е „Клотилда“ – последниот брод што нелегално превезувал робови во САД пред речиси 160 години.
Остатоците ги откри невообичаено ниската осека, а ги пронашол новинарот Бен Рејнс, кој оттогаш е во постојан контакт со стручните лица кои се обидуваат да утврдат дали тоа е тој легендарен брод, пишува „Дејли меил“.
Историските податоци говорат дека капетанот на бродот, Вилијам Фостер, по пристигнувањето во заливот Мобил Беј во 1860 година, го запалил и потонал бродот, а бродските остатоци се пронајдени во непосредна близина на тоа место. На дрвената конструкција се видливи и траги од горење, како и техники на бродоградба карактеристични за тој период.




