Занимливости
ЈУТЈУБ ПРОПОВЕДНИК: Сонцето ќе се замрачи, Месечината ќе стане крвава!
Месечината в петок ќе стане „крваво црвена”, поради што теоретичари на заговор веруваат дека на нашата планета конечно (по којзнае кој пат) и дошол крајот.
Прилично активниот „Јутјуб проповедник“ Пол Бигли вели дека „темно-црвената сенка на Месецот е можеби знак за второто доаѓање”.
– Знаете, Бог ми се обрати неодамна и ми рече дека морам да посветам внимание на „крвавиот Месец“. Ми кажа и дека треба да откријам што всушност се случува и јас открив дека тоа ќе биде најдолигата крвав Месечина во последните 100 години. Јас осознав и дека тоа ќе се случува над Ерусалим, што е неверојатно, истакнува „пророкот“.




