Магазин
Речиси една милијарда туристи патувале во светот до септември 2016
Туристичките дестинации ширум светот од јануари до крајот на септември оваа година ги посетиле 956 милиони странски гости, што е за 34 милони луѓе или за четири отсто повеќе, отколку во истиот период минатата година, покажуваат податоците на Светскиот туристички барометар на Светската туристичка организација (UNWTO).
Побарувачката на светскиот туристички пазар останала силна во првите девет месеци од 2016 година, иако расте со нешто поумерено темпо.
По силната почетна година, растот се намалил во второто тримесечие, за повторно да се зголеми во третиот кварт од оваа година. Некои дестинации објавуваат охрабрувачки резултати, додека други и натаму се борат со последиците од негативните случувања, во нивната земја или во целиот регион.




