Видео
СКАНДАЛОЗНА СНИМКА: Прекинат пренос во живо од вселената откако НЛО прелетува над Земјата (ВИДЕО)
Неидентификуван летечки објект пролета крај Меѓународната вселенска станица за време на директен пренос од Вселената, кој НАСА веднаш го прекина, со што дополнително беа разгорени страстите на голем број поддржувачи на теориите на заговор, кои се уверени дека светот токму сега имал можност да види уште еден доказ за постоење на вонземски живот.
На видеото, кое е објавено на Јутјуб, во времетраење од околу пет секунди на средина на екранот може да се види мала точка во брзо движење.
Љубителите на теориите на заговор се сигурно дека НАСА не случајно го прекинала преносот токму во моментот кога „точката“ се приближувала до Меѓународната вселенска станица.



