Магазин
Загрепчанка со автостоп стигна до Бора Бора
Ана Бакран стигна од Загреб до Бора Бора користејќи единствено автостоп. Таа појде на пат кон средината на април 2013 година, а три ипол години подоцна конечно пристигна на своето одредиште.
– Ќе те силуваат, ќе те убијат, ти не знаеш што правиш, невозможно е таму да се стигне со автостоп, слушала по целиот пат, но не дозволи таквите коментари да и го сменат мислењето.
Таа помина 70.000 километри и посети 25 различни земји.




