Магазин
Ресторан Бакал – како мало островче во тетовското село Брвеница
Ресторанот Бакал е како мало островче во тетовското село Брвеница. Тоа не е само ресторан, туку цела приказна..Секој што ќе влезе внатре има чувство како да стапнува на друга земја, оти егзотичните растенија и жуборот на водата кои создаваат рајска градина навистина даваат посебен амбиент.
Фонтаната, во ресторанот само ја надополнува приказната. И надворешниот дел и внатрешноста се одликуваат со елегантно уреден простор со големо чувство за естетика.
Посетителите имаат чувство дека се наоѓаат во некој екстра луксузен ресторан во странство. Покрај амбиентот ваквата слика ја надополнува и услугата и храната во ресторанот. Се е свежо и убаво приготвено. На менито има традиционална храна, интернационална, вегетаријанска, за секого по нешто. Свежо печено јагне, јаре, прасе, свежа риба, деликатеси како подгорче, капама, ѓомлек, но и foie gras,magre, t bone steak, tatar beef и многу повеќе.




