Видео
Шимпанзо кое пуши главна ѕвезда на зоолошката градина во Пјонгјанг (ВИДЕО)
Новоотворената зоолошка градина во севернокорејскиот главен град Пјонгјанг има нова атракција – шимпанзото Азалеа, кое пуши цигари.
Девеетнаесетгодишниот мајмун знае самостојно да користи запалката, и пуши по една кутија цигари дневно.
Претставник на Зоолошката градина изјави дека Азалеа сепак не го вовлекува чадот, па шансите за штетни последици по нејзиното здравје се мали.



