Занимливости
Сладок бурек – нов хит во Белград
Додека некои тоа го нарекуваат „сквернавење“, други воопшто не гледаат во што е проблемот, откако една белградска пекара масовно почна да продава „бурек“ со плазма кекси и еурокрем, кој стана вистински хит меѓу граѓаните, пишува „Курир“.
Сопствничката на пекарата, 27-годишната Мара вели дека луѓето во почетокот не го прифатиле, но дека сега не можат да постигнат да испечат доволно сладок бурек поради зголемената побарувачка.
– Искрено, не знам од каде ми дојде идејатга. Само ми падна на памет. Седев сама со мајка ми и разговаравме за промените кои би можела да ги воведам во пекарата, а тоа да биде нешто невообичаено. И тогаш само реков „ајде да напрвиме сладок бурек“, изјави Марам која пред две години го наследи семејниот бизнис со пекарата.




