Занимливости
Тајна, која се крие под хотелот на славните (ВИДЕО)
Култниот њујоршки хотел „Волдорф Асторија“ наскоро ќе ги затвори вратите, а кога повторно ќе ги отвори, за три години, само еден мал дел од зградата, во која денес е сместен, ќе служи како хотел, додека останатиот дел ќе се изнајмува.
Хотелот со богата историја од своето отворање угостил голем број славни и познати личности, кои тука не само што престојувале работно, туку и живееле.
„Волдорф Астроија“ има голема важност, поради што има и сопствена железничка линија, позната како Трак 61, со која ВИП гостите, меѓу кои и американските претседатели, пристигнувале до хотелот.



