Лозано на турнеја во Америка и Канада!
По барање на иселениците во дијаспората, нашата најголема музичка ѕвезда – Влатко Лозаноски – Лозано на почетокот на март заминува на голема турнеја во Америка и Канада.
Лозано ќе одржи неколку концерти во најголемите градови каде живеат Македонци, а интересот досега е незапаметен како никогаш досега.
Организаторот на турнејата, вели дека иселениците со нетрпение ги очекуваат закажаните концерти во Чикаго, Колумбус, Детроит, Њу Џерси и Торонто.




