Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Тринаесет добри причини да се посети Шкотска (ФОТО)

Магазин

Тринаесет добри причини да се посети Шкотска (ФОТО)

Шкотска е многу повеќе од килтот и гајдите. Овој дел на Обединетото Кралство е дел од богатата историја на оваа земја и е обоен со километри и километри прекрасни пејсажи.

Шкотска е дом на прекрасна природа, високи планини, мноштво острови и густи шуми.

Куиринг (Quiraing)

Куиринг се наоѓа во источниот дел на Шкотска и е единствен дел што се уште се движи под влијанието на глечерите.

Железницата Вест Хигланд (West Hihgland) 

Оваа легендарна пруга е позната заради сцените од еден филм за Хари Потер. Пругата се протега низ прекрасен крај што вклучува долини, планини и езера.

Дворецот Килчурн, езерото Аве ( Kilchurn, Awe)

Дворецот Килцхурн лежи на полуостровот што се наоѓа на североисточниот дел од езерото Ање, а за време на високите нивоа водата овој Полуостров го претвoра во магичен остров.

Раноч Мур во долината Глен Коу (Rannoch Moor – Glen Coe)

Овој дел од Шкотска, западно од езерото Раноч, е познат по својот биодиверизитет.

Тротерниш Риџ (Trotternish Ridge) 

Како еден од најубавите гребени во Велика Британија, Тротерниш Риџ нуди неверојатни пејзажи.

Пештерата Фингал (Fingal) 

Оваа морска пештера можете да ја најдете на ненаселениот остров Стафа. Нејзината единствена структура настанала со хексагонално спојување на базалтот.

Патеката на ѕвончињата во Пертшир (Perthshire) 

Прекрасната патека на ѕвончињата можете да ја најдете во Пертшир. Во пролет, шумското тло се претвора во тепих од сина боја.

Остров на небото (Isle of Skye) 

Тоа е најголемиот остров во Шкотска, чии камени падини нудат некои од најдраматичните планински крајолици во земјата.

Дворецот Дунотар (Dunnottar)

Оваа урнатина од средновековно утврдување лежи на карпест ‘рт на североисточниот брег на Шкотска. Урнатината опфаќа повеќе од 3,5 хектари, а е опкружена  со стрмни патеки што паѓаат во Северно Море.

Финиш Глен (Finnich Glen) 

Исто така познат и како говорницата на Ѓаволот, Финиш Глен е околу 30 минути оддалечен од Глазгов. Според локалниот фолклор, местото некогаш го користеле  друиди како тајно место за состаноци.

Езерото Чон (Chon) 

Ова слатководно езеро се наоѓа западно од селото Аберфојле. се полни од неколку мали поточиња.

Килт Рок (Kilt Rock) 

Станува збор за тесна патека во источен Тротерниш, а самото име сугерира дека потсетува на килт.

Есен во шкотските планини

Прекрасните есенски нијанси на бои шкотските гори ги преплавуваат со портокалови, жолти и црвени нијанси.

Камените формации на островот Стафа (Staffa)

Десет километри од островот Мул лежи запрепастувачкиот остров Стафа, што е познат по големите базалтни карпи и чудесните пештери.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.