Убавина и здравје
Кампања за подигање на јавната свест #Здравyeah – со мали чекори до големи резултати
Целосно нова платформа посветена на вашето #Здравyeah. Фармацевтската компанија Фарманова почнува кампања за подигање на јавната свест – со мали промени во начинот на живот како и со додавање на суплементи во исхраната може да се постигнат големи резултати во превенција на сериозни болести.
„Човечкиот организам има потреба од одредени витамини и минерали за да функционира беспрекорно, но тие не се внесуваат секогаш преку храната или барем не во доволни количини. Токму тоа е и улогата на суплементите, да го надоместат она што се пропушта. Ние сакаме да ја подигнеме јавната свест за важноста на овие производи кои можат навистина да го подобрат здравјето, да спречат појава на болести и да влијаат позитивно на целокупниот организам преку поголема концентрација и поголема сила“ вели Љупчо Шајновски, директор на Фраманова во Македонија.
Најважниот витамин секако е Ц, а меѓу позначајните минерали кои му се неопходни на човекот се цинкот, магнезиумот и селенот. Токму тие се дел од палетата производи „Директ“ на Фарманова.




