Единствен Spinning® центар во Македонија со поинаква спортска приказна
Спорт Инн е единствен Spinning® центар во Македонија дизајниран да биде основата на која ќе ја изградите посакуваната форма и физичка подготвеност. Тие нудат spinning® програма која е прилагодлива за сите, кои е дизајнирана според сертифицирани Spinning® тренери кои ќе ве водат, мотивираат и забавуваат кон посакуваните резултати.
„Членската база во Спорт Инн е крајно разновидна, почнувајќи од оние кои за прв пат се среќаваат со тренажен процес, до професионални спортисти кои се подготвуваат за спортски настан и имаат специфични барања за тренинг и програма. Без разлика која е вашата причина и ниво, Спорт Инн е местото каде што може заедно да ја започнеме вашата спортска приказна и место кое ќе го чувствувате како дом.“ изјави Искра Бојаџиева Китанчева од Спорт Инн.
Spinning® програмата е микс од наука и единствено искуство и користи систем од 5 различни Energy Zones™ – зони на срцев пулс како водич за “периодизација”. Еден Spinning® час просечно трае 50 минути.




