ЛЕТНА СЕЗОНА: Изгорениците од Сонцето можат да бидат сериозни
Изгорениците од Сонцето се акутна реакција на кожата по прекумерна изложеност на ултревиолетовото зрачење, што предизвикува директно оштетување на ДНК-та и изумирање на кожните клетки.
Изгорениците од Сонце кај децата може да го удвојат ризикот од рак на кожата, т.е. од меланом, подоцна во животот.
Доколку на кожата почнат да се појавуваат знаци на изгореници, веднаш тргнете се од сончевите зраци. Покријте го црвенилото со лесна памучна крпа којашто ќе ѝ дозволи на кожата да дише и останете во ладовина.




