Ви препорачуваме
ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ: Нов парфем на Кензо Такада во линијата на Авон
Avon Products Inc. и светски познатиот дизајнер Кензо Такада го објавуваат лансирањето на новата колекција парфеми Avon Life.
Avon Life е нов парфем креиран од г-нот Кензо Такада, кој ја рефлектира неговата философија да се Живее Прекрасен Живот. Главната состојка на парфемот – темјанушката, го отсликува чувството на постојана позитивност која лежи во срцето на креациите и личноста на Кензо Такада. Линијата содржи мирис за мажи и мирис за жени и ќе биде во продажба веќе од 1-ви октомври, 2016-та година.
Употребата на темјанушката му дава на мирисот слатка свежина. Одгледана на полињата во Египет и Грас, Франција, популарниот цвет е ценет поради неговите ливчиња, кои се дестилираат во софистицирано парфимирано масло. Мирисот за жени, исто така, содржи и врвна, енергична, цитрусна врвна нота на бел чај и безвременска топлина на цветната, основна нота на цвет од ирис. Мирисот за мажи содржи силна зачинета врвна нота на црн бибер и топла, дрвна основна нота на кедрово дрво.




