„Македонија на Европско“ на ДНК е трендинг број 1 на „Јутјуб“
По само 48 часа од пуштањето во етер на нумерата со наслов „Македонија на Европско“ момците од ДНК веќе имаат неверојатни повеќе од 100 илјади прегледи. И тоа не е сè, затоа што нивно е и првото место во трендингот на Јутјуб.
„Ова е доказ дека сме направиле добра работа, дека имаме песна која ѝ се допаѓа и е прифатена од страна публиката, песна која во себе носи многу позитивна енергија и убава порака. Навистина сме среќни што сите се сплотивме и што кон нашите фудбалери испраќаме, пред сè, позитивна енергија и многу љубов“, велат Панчо и Андреј.
Песната посветена на црвено-жолтите собра и еден куп позитивни коментари, а симпатиите особено одат на сметка на видеото во кое буквално врие од пријатели, колеги, спортисти и спортски легенди и, секако, поддржувачи на фудбалерите.





