fbpx
Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Лубеница – сочен чувар на нашето здравје

Ви препорачуваме

Лубеница – сочен чувар на нашето здравје

Маркетинг

Лубеница – сочен чувар на нашето здравје

Блага, сочна и вкусна лубеницата е овошје кое е омилено во летото.

Нејзината црвена боја и освежителен вкус ја прави да биде симбол на летното овошје. Али она што можеби не сте свесни, е дека ова овошје има одлично делување на Вашето здравје. Обилува со нутритивни материи, содржи малку масти и го хидрира Вашето тело.

Витаминот А

Овој витамин е важен за заштита на здравјето на очите, а неговото антиоксидативно својство помага во намалување на слободните радикали во телото.

Витаминот Ц

Сите знаеме дека е потребен за зајакнување на имунитетот, но витаминот Ц ќе го забрза зараснување на раните, го спречува оштетувањето на клетките, го подобрува здравјето на забите и десните.

Витаминот Б6

Витамин Б6 е потребен за синтеза на сератонинот и норепинефринот (норадреналинот) кои се заслужни за Вашето добро расположение.

Ликопенот

И додека голем број на луѓе мислат дека доматот е најдобар извор на ликопенот, лубеницата го содржи во најголема концентрација, во однос на било кое овошје и зеленчук. Ликопенот го намалува ризикот од настанување на кардиоваскуларни заболувања и макуларната дегенерација.

Калиумот

Доколку не ги сакате бананите, калиумот можете да го побарате во лубеницата. Помага во закрепнување на мускулите, подобро функционирање на мозокот и ги враќа електролитите во рамнотежа. Исто така помага во намалувањето на нивото на крвниот притисок.

Аминокиселините

Лубеницата содржи аминокиселини, аргинин и цитрулин. Тие се потребни за одржување на здравјето и целокупниот кардиоваскуларен систем, и ја подобруваат циркулацијата.

Водата

Лубеницата ја сочинува 92% вода што значи дека е одличен извор за хидратација и освежување во текот на жешките летни денови.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Ви препорачуваме

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.