Нашиот уметник Ѓоко Ризов дел од музичка изложба во Њујорк и со сопствен уметнички перформанс во Амстердам
На 31. aвгуст во Њујорк македонскиот сликар Ѓоко Ризов беше дел од настанот „Abstraction Have Voices” каде познатиот композитор и пијанист Маргин Александер од Њујорк, изведе неколку оригинални композици инспирирани од уметноста на Ризов и единаесет други уметници од девет различни земји.
Настанот во форма на музичка изложба беше инструментален концерт во Њујорк емитуван во живо преку онлине стриминг отворен за сите музички и уметнички љубители. По завршувањето на настанот истиот во форма на видео запис е пратен до повеќе галерии и куратори во САД. Маргин Александер за Ризов кажува дека во неговите уметнички дела открил еден сосема нов свет и дека неговата уметност е нешто што не го видел претходно.
