Видео
ВИДЕО: Амбулантен дрон кој за една минута пристигнува на местото на несреќата
Секоја година речиси еден милион луѓе во Европа доживува срцев удар, а само осум проценти преживуваат поради бавната реакција на брзата помош.
Поради тоа е дизајниран и произведен амбулантен дрон: квадрикоптер за реанимација, кој може да спаси животи во неколку минути пред доаѓањето на лекарите.
Холандскиот инженер Алек Мемонт го претстави прототипот на амбулантниот дрон во вид на медицинска торба која лета и може да неси ГПС дефрибрилатори, маска за кислород и доза инсулин за многу кратко време.




