Видео
ВИДЕО: „Јас сум ХИВ позитивен“ – социјален експеримент во Градски парк во Скопје
Поради стравот од предрасуди, во Македонија ниту едно лице со ХИВ не го споделува јавно својот статус.
Здружението за поддршка на лица со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ одлучи да истражи колку од овој страв е основан. Не преку формално истражување, туку преку метода која би била видлива за целата јавност – социјален експеримент.
Ги ставивме луѓето во Градски Парк во ситуација во која мислат дека имаат физички контакт со лице со ХИВ – млад дечко кој послужува кафе носеше маичка на која стои „Јас сум ХИВ позитивен“.




