ФИЛМСКА СЦЕНА ВО КАРПОШ: „Џеки Чен“ бркаше маж со сатар во раце (ВИДЕО)
Среде бел ден денеска во Т.Ц. Лептокарија се случувало сцена како на филм.
Маж и жена, најверојатно вработени во кинеска продавница за храна со сатар бркале маж.
Мажот, видно вознемирен, бара да го остават на мира и на минувачите им се жали дека бил нападнат. Но, ситуацијата ескалира и мажот и жената со кинеско потекло (барем на прв поглед) почнуваат да го удираат со ѓубре и разни предмети, а потоа и да го бpкаат со сатар во рацете. Засега нема информации за исходот или за самиот настан.




