ЌЕ ВИ СЕ ЗАЛЕДИ КРВТА: Сина ајкула плива во плиткото на брегот на островот Корчула (ВИДЕО)
Иако изгледа како сцена од некој хорор филм, сепак е вистина. На социјалните мрежи кружи видео кое е снимено во Хрватска, каде може да се забележи ајкула долга скоро два метри како плива во плитките води на Јадранското море на островот Корчула.
Како што пренесува хрватската телевизија РТЛ, станува збор за сина ајкула или модруља, која се храни со помал плен и риби, а ретко напаѓа луѓе.
– „Цел живот ми се исмејуваа поради мојот „ирационален” страв од ајкули. Ова е остварување на најлошите кошмари.“ – се вели авторот на видеото.




