Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Вилата каде што живееше Јованка Броз оди на продажба или под наем

Занимливости

Вилата каде што живееше Јованка Броз оди на продажба или под наем

Србија не е во можност да издвои 2,5 милиони евра за реновирање на куќата на Јованка Броз во елитната белградска населба Дедиње, па поради тоа зданието наскоро ќе биде понудено за продажба или под наем на некој што би можел да вложи во нејзино реновирање, изјави претставникот на локалните власти, Јован Воркапиќ.

– Можно е некој да ја изнајми вилата на подолг период, што би ги оправдало таквите инвестициски вложувања, а тоа да му се одбива од киријата, до половина од вредноста на недвижноста, појасни Воркапиќ.

Поранешниот дом на вдовицата на Јосип Броз Тито со површина од 750 метри квадратни е во надлежност на српската Управа за општи добра на републичките органи, кои се грижат за тековно одржување и физичко-техничко обезбедување.

Куќата беше затворена и под клуч по смртта на Јованка Броз во 2013 година, па се до годинава, додека траеше оставинската постапка.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.