Занимливости
Во Јапонија сообраќа воз само поради една ученичка
Секое утро, точно во 7:16 часот, Кана Харада која живее во Ширитаки, место со 36 жители, се качува во воз за Енгар, кој е на 35 минути одалеченост од нејзиниот дом, и патува до нејзиното средно училиште.
Железничката станица во Ширтаки е отворена пред неколку децении, а низ неа сега поминуваат возови само поради Харада.
И покрај тоа што во многу земји во светот поради неисплатливост ваквата линија би била укината, јапонските локални власти одлучиле возот да продолжи со сообраќај.




