Магазин
Во Дубровник ќе се снима трилогија за „Робин Худ“
Во Дубровник во тек е поставување на кулисите за филмот „Робин Худ: Ориџинс“, чие снимање почнува во втората половина на февруари 2017 година.
Станува збор за трилогија во која Дубровник ќе го претставува средновековниот град Нотингем, а снимањето ќе се одвива на Страдун, кај Катедралата, во подножјето на тврдината Минчета која е симбол на градот.
Буџетот за првото продолжение на овој филм изнесува 90 милиони долари, додека за маркетинг и промоција се планирани уште 100 милиони долари, пренесе Хина.




