ЧУДО ВО ТАЈЛАНД: Среде ноќ затекнале слон во кујната (ВИДЕО)
На многумина ни се случува навечер да станеме за да се напиеме вода или да се освежиме во кујната во доцните вечерни часови, но во никој случај не би очекувале да видиме, ни повеќе ни помалку, туку слон како бара храна.
– „Повторно дојде да бара јадење“, напиша на својот фејсбук профил шеговито Рејчадаун Пуенграпс од Тајланд, која се разбудила во раните утрински часови во саботата, бидејќи слушнала врева. Кога излегла од собата, здогледала непоканет гостин во нејзината кујна.
Веројатно од глад во текот на ноќта џиновското животно случајно го урнало ѕидот во кујната во Китчаи во раните утрински часови во неделата, користејќи ја сурлата да ја пронајде храната.




