Занимливости
Истражување докажува: Растенијата испуштаат звуци кога им фали вода или ги сечеме (ВИДЕО)
Растенијата испуштаат звуци кога се загрозени, се вели во ново истражување. Испитувањата докажале дека доматите, тутунот, пченката и виновата лоза испуштаат ултразвучни звуци кога не се наводнуваат.
Резултатите покажале дека растенијата не се толку тивки како што се мислело досега. Ова означува дека растителното царство комуницира со животните околу нив, со цел да предупредат за опасности или потреби за вода. Иако луѓето не можат да ги слушнат овие звуци, животните со силно сетило за слух може да ги забележат.




