Македонските фудбалери добија своја поштенска марка – ќе чини 181 денари
Поштенска марка по повод историскиот настап на македонските фудбалери на Европско првенство во фудбал 2020 промовираше денеска АД Пошта на Северна Македонија.
На промоцијата, која се одржа во просториите на Дирекцијата на АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје, генералниот директор Јани Макрадули порача дека со оваа поштенска марка сакаат да се заблагодарат на репрезентатиците за успехот и радоста што ја приредија на сите нас.
– Марката е со номинална вредност од 181 денар и изработена во 6 000 примероци. Поради ковид мерките, иако бевме договорени, денеска, за жал со нас не се селекторот и играчите, изјави Макрадули.




