Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Ким Кардашијан на удар на критики: Објави сцени од новиот „Спајдермен“ од нејзиното домашно кино

Шоубиз

Ким Кардашијан на удар на критики: Објави сцени од новиот „Спајдермен“ од нејзиното домашно кино

Ким Кардашијан на удар на критики: Објави сцени од новиот „Спајдермен“ од нејзиното домашно кино

Ким на својот Инстаграм профил сподели две контроверзни фотографии и со тоа го расипа изненадувањето во филмот, тврдат многумина кои веднаш ја „распнаа“ во коментарите.

Ким Кардашијан (41) објави две сцени од новиот филм „Spiderman: No way home“ од нејзиното приватно кино и ги налути фановите на Марвел.

– Сето ова време поминав без да откријам ниту еден дел од филмот за Спајдермен и Ким Кардашијан ми го уништи планот на нејзиниот Инстаграм Стори – напиша корисникот на Твитер.

Обожавателите на стриповите на Марвел со месеци го чекаа овој филм и се обидуваа да ги избегнат сцените од филмот што ги објавија сите што досега успеале да го погледанат, за да го добијат целосното искуство додека самите го гледаат филмот.

– Мислев дека мојот крај за Спајдермен ќе биде уништен на многу места на социјалните мрежи, но никогаш не мислев дека ќе се најде на Инстаграм Stories на Ким Кардашијан. Како да не е доволна привилегијата да гледате филм во сопственото приватно кино и да им ја расипете на оние кои се трудат да останат дома и безбедни! – пишуваше во една објава на Твитер.

Оттогаш Ким Кардашијан го избриша своето Инстаграм Стори со кое го уништи гледањето на филмот, но многумина веќе се разочарани бидејќи го дознаа крајот на филмот во нејзините објави. Со оглед на тоа што Ким ја следат преку 270 милиони корисници на Инстаграм, коментарите на Твитер велат дека тие се згрозени што таа направила таков непромислен потег.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.