Занимливости
Жестока забава во соба од мраз сред Скопје!
Првите работи во животот секогаш се паметат, а Jägermeister викендов им овозможи на голем број луѓе да имаат уникатни искуства на забавата која се одржа во Центарот за дизајн и иновација „Јавна соба“ во Скопје.
Присутните се журкаа во соба од мраз каде можеа и да седнат на леден трон, ги почувствуваа мирисите на растенијата од кои е направен пијалакот и погледнаа инвентивна историска изложба додека диџеите Гоце САФ, Чваре и Флудер му дадоа ритам на настанот со сет-листи инспирирани од брендот.
Повод за забавата беше новото редизајнирано шише на Jägermeister, но причината беше да им се овозможи на гостите да почувствуваат на своја кожа нешто ново и поинакво.






