Sci-fi
Фитнес апликација открива доверливи податоци за американски војници
Фитнес апликацијата „Страва” преку мапирање им открила на корисниците доверливи податоци за движењето на американските војници во базите во Сирија и Авганистан, а веројатно дури и кога оделе на патрола со што ги довела во опасност.
Се работи за безбедносни пропусти на компанијата што ја произведува апликацијата. „Страва” користи мобилен ГПС и така ги следи корисниците кои ја употребуваат за да водат сметка колку километри поминале во трчање, велосипедизам или едноставно при движење. Врз основа на тие податоци, како и оние од фитнес нараквиците како што се „Фитбит” и „Џобоун”, се креира мапа на движење на корисниците, пренсува Би-Би-Си.
Но, 20-годишниот австралиски студент Нејтан Русер прв предупреди на безбедносниот пропуст во апликацијата, кој може да го злоупотребат терористичките и герилските групи во воените зони каде дејствуваат американските војници. На мапите што тој ги објави на Твитер јасно се гледаат зони на движење околу базите на САД, но и патролните рути во Сирија, како и во Јемен, Нигер, Авганистан и други земји.





