Мобилни
Инстаграм наскоро ќе поддржува и видео повици
Популарната социјална платформа „Инстаграм“ наскоро ќе објави нова функција за видео и гласовни повици која ќе ја зголеми функционалноста на апликацијата и ќе излезе од традиционалниот фотоцентричен формат, пренесе ТекКранч.
Во мрежата се појавија информации од AПK датотека, што содржи неколку икони и други референци кои укажуваат на нови функции. Сите тие носат имиња „voice call“ и „video call“, што е повеќе од доволно за да се претпостави што не очекува.
„Снапчат“, кој е најголемиот конкурент на „Инстаграм“, сега нуди гласовни и видео повици, па нивната појава тука е сосема логичен тек на настаните. Најверојатно, кога функцијата ќе почне да функционира, ќе биде достапна во „Директ“ – апликацијата за соопштенија на „Инстаграм“.




