Мобилни
Инстаграм поддржува видео чет и нови филтри со проширена реалност
Фејсбук ја искористија својата F8 конференција за програмери, за да нѐ информираат за серија подобрувања кои не очекуваат во Инстаграм.
Поголемиот дел од овие функции се веќе дел од најновата верзија на апликацијата, која сега е достапна за преземање. Најинтересната иновација несомнено е можноста да стартувате и учествувате во видео разговор од паметните телефони со Андроид и iOS без да внесувате телефонски број. За да започнете сличен разговор, кликнете на Camera иконата во Direct Message менито.
Имајте на ум дека функцијата засега е ограничена до четири лица и нуди опција да го минимализирате прозорецот со видеото и да вршите други активности во мобилната апликација. Инстаграм исто така бараат вие и човекот со кој ќе комуницирате да имате отворен активен Direct Message разговор, пренесе „TechSpot“. Ако блокирате или исклучите корисник, на овој начин нема да можете да зборувате со нив.




