Интернет
Нова новогодишна цел на Марк Цукерберг
За Новата 2018 година, директорот на Фејсбук, Марк Цукерберг најави позасилена заштита на корисниците од вербални напади и ширење омраза.
– Нема да ги спречиме сите грешки и злоставување, но сега правиме премногу грешки во спроведување на нашите правила и спречувањето злоупотреба на нашата програма, изјави Цукерберг.
Откога во 2009 година почна да си поставува новогодишни цели, Цукерберг ја посети секоја американска сојузна држава поединечно, претрча 590 километри и го поднаучи мандаринскиот јазик.




