Sci-fi
СПЕКТАКЛ НА НЕБОТО: На 31 јануари ќе се поклопат три небески случувања – помрачување на сината супермесечина
Крајот на овој месец ќе ни ја донесе една од најубавите ноќи, барем кога е посматрањето на месечината во прашање. Имено, на 31 јануари ќе се поклопат три небески случувања, кои не се поклопиле повеќе до 150 години.
Случување кое е опишано како помрачување на сината супермесечина ќе биде спектакуларен феномен, а еве што всушност ќе се случи.
Прво, Месечината ќе изгледа и 30 проценти поголема и посветла од вообичаеното, што е феномен кој се нарекува супермесечина. Супермесечината е прилично необична појава, па би била сама по себе значајна, но тоа е само почеток.



