
Образование
Заврши караванот на кампањата „Учи паметно, работи стручно“
Заврши караванот на кампањата „Учи паметно, работи стручно“
По Свети Николе, Кочани, Велес, Кавадарци, Струмица, Охрид и Тетово, отворени денови се одржаа и во Прилеп, Куманово, Крива Паланка и Скопје.
Посети на вкупно 4 од 11 стручни средни училишта од Скопје и отворени денови за промоција на средното стручно образование, го заокружија караванот во рамки на втората фаза од кампањата „Учи паметно, работи стручно“.
Во Скопје, идните средношколци, како и нивните родители, имаа можност одблизу да се запознаат со повеќе струки кои ќе бидат отворени во учебната 2021/2022 г., и тоа Градежно-геодетска во СУГС „Здравко Цветковски“; Шумарско-преработувачка во СУГС „Георги Димитров“; Машинската, но и Сообраќајната во СУГС „Владо Тасевски“ и Хемиско-технолошка во СУГС „Димитар Влахов“.



