Наука
ОЛИМПИА МОТОРС: 33 години ориентирани кон грижа за корисниците
Целта на Олимпиа Моторс е да изгради сервис за ОПЕЛ возила со премиум квалитет, во кој ќе ги надмине сите бариери со кои се соочуваат клиентите денес кога треба да го сервисираат својот автомобил – особено делот на доверба и транспарентност во работењето.
„Анализата ни покажа дека досегашното време инвестирано во продажба, е многу паметно и корисно, комплетно да го насочиме во сервисното работење со цел нудење на поквалитетна услуга и безбедни возила на највисоко ниво. Токму затоа нашата посветеност кон клиентите преку 70% во продажба и 30% во понатамошна грижа, го менуваме на 30% во продажба и 70% во нега на возилата на нашите клиенти. Олимпиа Моторс наскоро ќе стане првиот независен овластен сервис за Опел со премиум квалитет во Македонија и секако мултибренд каросериски сервис“, изјави Светлана Пљакоска, сопственик на Олимпиа Моторс.






