Интернет
Поради грешка во ВатсАп хакерите ги гледаат вашите четови
По безбедносни проверки откриена е грешка во ВатсАп (WhatsApp), поради која хакерите можат да се инфилтрираат во секој приватен групен чет на таа апликација, јави Вајрд.
Иако програмерите на ВатсАп се обиделе да го решат проблемот, експертите тврдат дека тој се уште не е отстранет и оти без дозвола на администраторот на групата во секоја конверзација можат да се вклучат уште луѓе, а тоа никој да не го забележи.
Претставници на Фејсбук, во чија сопственост е апликацијата, соопштија дека грешката „не е опасна“, затоа што сите во групен чет добиваат известување кога ќе им се приклучи некој нов член, па можат веднаш да реагираат.




