fbpx
Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

И перењето алишта ќе стане „паметно“

Sci-fi

И перењето алишта ќе стане „паметно“

Компанијата Самсунг на годинешното Шоу за потрошувачка електроника (ЦЕС) во Лас Вегас, ја најави својата нова генерација на машини за алишта, засновани на Квик-Драјв технологија.

Новата машина ќе може да се поврзе на интернет и работи на принципот на Самсунг Смарт Тингс еко-системот, што перењето го чини побрзо и поефикасно.

Помошниот систем при перењето, наречен Ку-рејтор, има смарт-одлики коишто го поедноставуваат процесот. Програмата ќе може да дава автоматски препораки за оптимален циклус на перење, врз основа на бојата, видот ткаенина и степенот на валканост според проценката на корисникот. Исто така, корисниците ќе можат да одредат и кога перењето ќе заврши.

 Хоум Кер Визардот пак, има задача да ја следи машината, за таа да се задржи на оптималната работа, како и да обезбеди едноставни упатства за одржување.

Според потребите и желбите на корисникот, машината пере квалитетно и до 35 отсто побрзо во споредба со досегашните Самсунг модели.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Sci-fi

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.