Sci-fi
Сондата „Касини” денеска ќе се распадне над Сатурн
Вселенското летало „Касини”, што ја проучуваше структурата на Сатурн од 2004 година, денеска ќе се распадне во атмосферата на оваа планета, откако остана без гориво, соопштува НАСА.
Сондата ќе се стопи и распрсне при самиот допир со гасовите над површината на Сатурн, при што нема да настанат никакви промени или штетни последици, посебно за месечините Енцелад и Титан, за каде што има претпоставки дека има живот.
Врската ма „Касини“ со Земјата е предвидено да биде прекината околу 11:55 часот по Гринич (13:55 по средноевропско време). Канцеларијата на НАСА во австралискиот главен град Канбера ќе прима информации од Сондата до самиот крај.




