Интернет
Трет „пад“ на Фејсбук овој месец
Корисниците на најпозната социјална мрежа Facebook вчеравечер околу 21 часот се соочија со нов прекин на работата кој траеше повеќе од 40 минути.
Посетителите ширум светот не беа во можност да ги отворат своите профили, со пораката дека нешто не е во ред и дека услугата е недостапна.
