#ПромовирајДомашно
Ова лето ја избираме Дестинација Македонија
Во текот на летото секогаш со голема желба пребаруваме и бираме дестинации за патувањe покрај море, во некој шарен европски град или некаде далеку каде што не сме биле.
Целата ситуација ни приреди малку поинакво и претпазливо лето, но од друга страна не натера да ја запознаеме поубаво нашата земја. Кога последен пат размислувавте за одмор на некоја дестинација во Македонија? Колку од езерата, планините и автентичните селца имате посетено?
Grouper оваа година не носи на летување ДОМА. Патување низ дестинации кои ни се добро познати, но и нови вредни за откривање, водич за исполнети денови со истражување на целата околина – езера, сокаци, водопади и сите мали места кои можете да ги посетите. Ова лето и есен сите патувачи имаат шанса да ја прошетаат и истражат Македонија и тоа по супер цени.




